Search
Close this search box.

Изложба „Имагинарен простор“ од Верче Николоска

Изложба „Имагинарен простор“ од Верче Николоска

„Имагинарен простор„ е тематската изложба од 23 слики од прилепската уметница Верче Николоска што e отворена во фоајето од Центарот. (18.11. до 2.12.2022).

Мотивирана од убавото, уметницата на сликите го отсликува светот на нејзината душа, светот на нејзината животна одисеја, распространета од нејзиниот имагинарен сон. Нејзините дела се изработени во експресна апстракција. Ова и е петта самостојна изложба.

Верче Николоска е родена 1956г. во Прилеп. Завршила средно образование во Прилеп, а со уметност се занимава од млади години. Љубовта кон ликовната уметност е голема и продолжува да го развива талентот. Мотивирана од убавото, од љубовта кон уметноста Верче се надоградува и својата креативност во ликовната уметност ја изразува во повеќе техники – масло на палтно, акварел, графика, цртеж. Смислата на својата уметност Верче ја бара во апстрактниот експресионизам. Член е на ДЛУП.

Од 2004 година досега реализирала самостојни изложби и во Куманово, Неготино, Кичево, Македонски брод. Учествувала на групни изложби на ДЛУП, на ликовни колонии во Пешна, Валандово, Пробиштип, Дрен, Неготино, во Црна Гора.

Неодамна беше дел од проектот „Инклузивни музеи“ на Завод и музеј Прилеп, а учествувала во манифестации од хуманитарен карактер.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања