Search
Close this search box.

Изложба на дела „Мал формат“

Изложба на дела „Мал формат“

Изложба на дела „Мал формат“ е отворена во Ликовната галерија. Љубителите на уметноста во наредните три недели (24.12. 2021 – 15.1.2022) ќе имаат можност да се запознаат со делата Мал формат од 30 уметници – членови на ДЛУМ, меѓу кои Андријана Мациев, Дејан Иванов Маргуш, Драган Верговски Алпи, Жаклина Глигориевска Кочовска, Ирена Паскали, Маја Танева, Марија Светиева, Мирјана Крстева Массетти, Слободан Милошевски, Тања Tаневска, Стефан Хаџи Николов, Христина Зафировска…

Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници. Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25х25 см. претставува искушение и за најголемите мајстори на визуелната уметност. Чувството на внатрешниот порив да го совлада малиот квадрат, на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин да го транспонираат собитието и мотивот од големите форми во помалата мерка. Изложбата „Мал формат“ на ДЛУМ е традиционална поставка на крајот на секоја година, а темите се слободни. Има дела со кои уметниците се навраќаат кон природата, кон пејзажот, но колорит и композиции кои се апстрактни.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура и е во соработка со ДЛУМ.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања