Search
Close this search box.

Изложба „Напуштени предели“ од Никола Пијанманов

Изложба „Напуштени предели“ од Никола Пијанманов

Изложбата „Напуштени предели од уметникот Никола Пијанманов од Струмица е отворена во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“. (до 18.11.2022).

„Напуштени предели“ во НУЦК „Марко Цепенков“е негова тринаесетта самостојна изложба. На изложбата претставени се дваесетина слики во комбинирани техники, работени последните две години.

„ Напуштените пејзажи„ се полни со присуство од тишина и видливи траги на заборавот и исчезнувањето. Природата никогаш не е празна дури и кога е осамена и напуштена од човекот. Во тишината на празните простори се втиснале трагите на присуствата. Првично, идејата за оваа изложба се појави од болот и тагата набљудувајќи ги напуштените места, домови, села, полиња и идилични предели во мојата земја. Прашањето беше, зошто секогаш се напуштаат најубавите места во замена за полошите? Достоевски се прашувал, „како може секогаш толку многу народ да се собира во загушливите и тешки градови, во мизерија и нехумани услови, во мрачните предградија на метрополите“?! Подоцна почнав да разбирам дека слободата и изборот да се биде во ненаселени и неорганизирани места е потешка, затоа што тишината и одделеноста носат архетипска припадност на првобитноста на постоењето – вели уметникот.

Никола Пијанманов е роден 1981 година во Струмица, Р. Македонија. Средно уметничко училиште и Факултет за ликовни уметности завршил во Скопје, во класата на професорот Рубенс Корубин. Има реализирано повеќе самостојни изложби во земјата и странство, и оставено неколку јавни дела во простор. Се занимава со сликарство и скулптура, пишува есеи и критички осврти, како и рецензии за каталози од ликовната дејност и списанија за култура. Реализирал повеќе сценографии за театарски претстави и уредник е на неколку монографии за ликовни творци. Уметнички организатор е во Здружението за култура Транзен. Член е на ДЛУМ. Живее и работи како самостоен уметник.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања