Search
Close this search box.

Изложба- Уметноста како хармонија и единство на противречностите

Изложба- Уметноста како хармонија и единство на противречностите
Во Ликовната галерија отворена е изложбата “Уметноста како хармонија и единство на противречностите”.(2.9 до 16.09.2022).

Куратор е Викторија Димеска, историчар на уметност.
Се претставуваат деветмина сликари –
Александар Џинго,
Атанас Атанасоски,
Бојана А.Трпческа,
Вано Кеков, 
Верче Николоска,
Марија Светиева,
Марјан Стојаноски, 
Филип Јовески и
Христина Мазнеска.
{AG}edinstvo2022{/AG}
Отворајќи ја изложбата, Викторија Димеска, историчар на уметност, рече дека преку ликовното творештво на уметниците, разновидниот начин на изразување и разните медиуми кои што ги користат, потсетуваат дека “убавината во ликовната уметност претставува хармонија и единство на контрастните елементи -линија, форма и боја.
Во творештвото на уметниците,според Димеска, присутна е”хармонијата по идеја, каде убавината се интерпретира преку поимите – умереност, добрина, несебичност, дарежливост, духовна моралност и еколошка етичност”.
 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања