Search
Close this search box.

Кирил Гегоски

 

Од 16 април во Ликовната галерија

„Пејзажите на Кирил Гегоски”


Со триесетина дела, кои претставуваат една ретроспектива на четиридецениско уметничко творештво, Кирил Гегоски (1944) повторно пред своите сограѓани. Концептот на изложбата е подготвен од историчарот по уметност Марика Бочварова Плававеска и има цел да се евидентираат придонесите на Гегоски во ликовната уметност. Акцентот е ставен на неговата понуда на иконичност на прилепските пејзажи, а изложбата се реализира во соработка со Дирекцијата за култура и уметност од Скопје, Музејот на современа уметност и е подржана од Министерството за култура.


 


„Креативниот од на Гегоски во четиридецениската активност е во знакот на искрената опседнатост со одредбите да се живее пејзжот на прилепското опкружување, а при тоа да не се испушти комплексноста на постојаното варирање на мотивот. Бавењето со пејзажот покажа дека е нешто многу повисоко од она што е просто третирање на жанрот, кој што нуди бескрајни интерпретации и творечки можности, а во нив постоеше извесна мерка на воопштување. При тоа сликата со неколку битни податоци, со неколку цврсто фиксирани планови на бојата која, во претходните фази ја одбегнуваше линијата, ги сугерира контурите на планините или на дрвјата, со што тој гради својствен начин на евоцирање на природата.

Придонесите на Гегоски, според типолошката карактеристика се вклучени во проблемските движења на осмата деценија од 20 век, но и на оние кои ги допираат годините на новиот милениум. Во 70-те тој понуди варијанта на минималистичка организација на сликата, во која системот на формалната структура директно имплицираше можности за вклопување и на фотографската проекција, додека пред 2000-та веќе го почуствува духот на германскиот експресионизам, користејќи ја поетиката на ослободен гест којшто ја остварува деформацијата на миметичката иконична форма – пејзаж…”

Марика Бочварова Плававеска

 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања