Search
Close this search box.

„ЛИНК” од Жарко Башески во Ликовната галерија

„ЛИНК” од Жарко Башески во Ликовната галерија


(4јуни) Нова концептуална уметност како ретко и несекојдневно доживување за прв пат пред прилепската јавност. Во Ликовната галерија поставена изложба под име „Линк”- три скулптури од вајарот Жарко Башески, работени со полиестер и силикон. Скулптурите се човечки фигури, две предимензионирани портрети, а едната е минимизиран автопортрет. Скулптурите на Башески се новина на македонската уметност по начинот на изработка, употреба на материјал, димензии. Делата се вбројуваат во рамките на реализмот, а секоја скулптура има своја приказна и е изведена до перфекција. Жарко Башески е автор на голем број споменици (монументални дела) и е добитник на осум меѓународни и нациомални награди.

Башески е автор на скулптурите-коњаници на Гоце Делчев и Даме Груев, а трет пат самостојно се претставува во родниот Прилеп.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања