Search
Close this search box.

симеон арнаудов

 

Од 12 март во Ликовната галерија

Изложба на склуптури и слики од Симеон Арнаудов

Симеон Арнаудов (1943 г), академски сликар, по голем број самостојни и групни изложби, учество на ликовни колонии во земјава и странство, изложува и во Прилеп. Се претставува со 30 дела преку кои го потврдува сопствениот континуитет. Склуптурите на Арнаудов, се од камен блок кои се ослободени облици со органски белези кои ја имаат убавината на природата од која нстанале. Делата се составени од апстрактни рими на меко заоблени форми исклесани од едно парче мермер на чија површина се врежани линии чиј ритам е комлпементарен со внатрешниот ритам на склуптурата и надворешните линии на делото.

 

Авторот одбрал да соработува со природата и во моментот на вдахновието на склуптурата и дава човечка смисла на убавина. Цртежите ги создавал пред и по настанувањето на склуптурите, главно како нивно надополнување или самостојно остварување. Во цртежот авторот по спонтано ги реализира своите замисли и визуелни сензации во кои има најразлична комбинации. Во нив има суптилно нијансирање и црно – бела моделација на заоблената форма, која својот смирен ритам ги опфаќа помалку детализираните фигуративни претстави. Во нив се препознаваат пејзаж, фигуративни композиции и слободни форми.

Владимир Величковски

 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања