Search
Close this search box.

Награда на ФААТ за Ангела Димеска

Награда на ФААТ за Ангела Димеска

Ангела Димеска, актерка – аматерка од Младинското драмско студио при НУЦК,, Марко Цепенков,, на неодамна завршениот фестивал на аматерски драмски театар ФААТ во Кочани ја освои НАГРАДАТА за СПОРЕДНА ЖЕНСКА улога за одиграната ролја во претставата,, Крајот на светот каков што го знаеме,, во режија на Андреј Богатиновски. Гимназијалката Димеска наградата ја освои во силна конкуренција од над 13 претстави.

Со тоа младата актерка го претстави во вистинско светло МДС и Центарот за култура, но и потврди дека младинската театарска сцена одлично функционира во Прилеп.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања