Search
Close this search box.

,,Крајот на светот каков што го знаеме,,

,,Крајот на светот каков што го знаеме,,

Младинското Драмско Студио – ,,Театар – Чин 4 Сцена 5,, при НУЦК Марко Цепенков, во април 2012 година, премиерно  ја прикажа претставата ,,Крајот на светот каков што го знаеме,, од Алекс Браун, во режија на Андреј Богатиноски.

Претставата е современа драма во 4 кратки делови, меѓусебно независни по дејствие едно од друго. Пренесени се романтика, самоубиствени мисли, пороци и генерациска промена. Претставата нуди јасна порака: светот не е онаков како што постарите го познаваат. Дејствијата се случуваат на 4 најразлични места на планетата, што значи промената го зема својот замав насекаде подеднакво. Ние сме исти – јас и ти…,,

Играат: Исидор Јованоски, Наталија Ристеска, Дарко Карбески, Александар Пусоски, Марио Стојаноски, Виктор Мирчески, Симона Трајческа и Ангела Димеска      

Костимографијата и музиката се плод на колективноста помеѓу членовите на драмското студио.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања