Search
Close this search box.

Аплаузи за Октетот Прилеп во Охрид

Аплаузи за Октетот Прилеп во Охрид
Октетот “Прилеп” учествуваше на 25 традиционални “Охридски староградски песни” на кои се претстави со дел од богатиот репертоар на староградска музика ( 28.09.2013 ). Охриѓани задоволни со аплаузи ги наградија членовите на октетот по изведбите на “Немој Маре”, “Дај ми вино Трено”, “Простено ти е”, “Ако бевме заедно”. На бис ја исполнија “Пусти мерак Ратке”.
Октетот “Прилеп” подолги години ја одржува традицијата за староградска песна, работејќи под закрилата на ЦК “Марко Цепенков”.
Октетот досега има издадено три албуми со 40 композиции.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања