Search
Close this search box.

ХАМЛЕТ ОД ГОРНО ДУПЕНИ

Ве информираме дека театарот ,,Војдан Чернодрински,, се вклучува во хуманитарната акција за помош на населението од подрачјата погодени од природната непогода која го зафати скопскиот регион.
Во петок 16 септември од 20 .00 ч. во театарот ќе се прикаже претставата,, ХАМЛЕТ ОД ГОРНО ДУПЕНИ,, – режија Кирил Петрески.
Цената на влезниците е 100 денари.
Собраните средства ќе бидат префрлени на жиро-сметката наменета за помош на граѓаните погодени од поплавата. 
Секоја купена влезница фб пријатели значи мал придонес и помош на нашите граѓани од поплавените подрачја.
Влезници на билетарницата од театарот!

 hamlet-gd

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања