Search
Close this search box.

Патот на Театарот,, Војдан Чернодрински,, тргна со “Кир Јања”

teatar vojdan cernodrinski foto noemvri 2018

Патот на Театарот,, Војдан Чернодрински,, тргна со “Кир Јања”

teatar vojdan cernodrinski foto noemvri 2018Завесата на Театарот првпат се кренала на 18 февруари 1950 година со изведбата на претставата “Кир Јања” од Ј.С.Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски. Првите актери кои несебично ,, гореле, на сцената биле Рампо Ачески, Борка Димкароски, Благоја Кепески, Борка Солески, Блага Алампиоска, Блага Батаклиева, Рада Смилеска, Маре Русеска, Владо Спиркоски, Аце Михајлоски, Нада Галеска, Цане Настоски, Димче Шилоски. После доаѓаат и Димче Гешоски и Кирил Жежоски…

 Актерите, вооружени со елан, самопожртвување и творечки занес го покренаа “плугот да ја ораат театарска ледина”, уверени дека ангажманот ќе даде плод. Така и би. Низ годините се ределе премиерите еднаподруга, се нижеле успесите и падовите на Театарот. Колективот се збогатувал со искуство во катадневната пракса.

Денес израсна во Ансамбл со врвни актерски имиња. Но, и млади актери кои допрва доаѓаат и ќе покажат што знаат и умеат.

Во досегашниот од, Театарот ,, Војдан Чернодрински,, прикажал над 350 премиери, изиграл над 7000 претстави кои ги гледале над 1, 5 милиони луѓе. Најгледаната и најиграна, изведена стопати, е “Солунски патрдии” од Миле Попоски, во режија на Коле Ангеловски.

Голем успех постигнаа  и претставите “Силјан Штркот” според Цепенков, во режија на Бранко Ставрев, потоа “Кумови”, Собирен центар”, “Туѓо сакаме свое не даваме”, “Колобан”, “Молам за секс”, “На два стола”. ..

Белег во повеќедеценискот растеж на Театарот дале и претставите “Спиро Црне” од Б.Р. Платнар во режија на Владимир Милчин, “Колобан” од Блаже Алексоски во режија на Љубиша Георгиески, “Арсениј” од Б.Р. Платнар, “Полковникот птица” од Христо Бојчев и “Опера за три гроша” од Брехт и двете во режија на Владо Цветановски.

Во досегашната историја, претстава која најмногу го сврте вниманието не само на македонската, туку и на балканската публика е “Тапани во ноќта” од Брехт, во режија на Мартин Кочовски, која се крена до димензии на бренд на македонскиот театар. Со ,, Тапаните..,, театарот освои три награди на фестивалот МЕСС во Сараево и беше победник на 44-то издание на МТФ ,, Војдан Чернодрински,,. Не помалку наградувана е ,,Кавкаскиот круг со креда,, која во 2011 година беше прогласена за најдобра претстава на фестивалот ЕХ Понто во Љубљана, Словенија.

Театарот во земјава го има приматот на куќа во која се даваат праизведби на текстови од македонски драмски автори. Тука за првпат се поставени текстовите на Коле Чашуле, Томе Арсовски, Благоја Ристески – Платнар, Трајче Крстески, Петар Петрески…

Театарот работи во состав на ЦК “Марко Цепенков. Ансамблот брои 15 актери од кои дел се хонорарно ангажирани. 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања