Search
Close this search box.

“Сон на летната ноќ“ пред публиката

“Сон на летната ноќ“ пред публиката
Сон на летната ноќ“ од В. Шекспир, во режија на Нела Витошевиќ е претставата која театарот “Војдан Чернодрински“ премиерно ја прикажа на 2 октомври на матичната сцена. Претходно претстават се играше на “Битола Шекспир фестивалот“ и на МОТ.

– Најголема провокација е што првпат се среќавам со Шекспир како автор. Се почувствував зрела да го истражувам, да пробам да го осовременам. Го отворам делото од психолошки аспект и го истражувам дуализмот на човековата природа или метаморфозата на човечката состојба. Пробав да ги подвлечам двата контраста – разумот што е одлика на кралството во претставата и чувставата што се одлика на шумата. Сакав во кралството да го истакнам моралот кој е лажен, а во шумата сакав да излезат вистинските страсти и она што е либерализам и слобода на говор и мислење. Водена од новиот германски театар востановив знаковен систем на режија, кој се прекршува со реалистичното толкување со математички мизансцен и со актерски креации. Претставата осцилира меѓу режијата и силната актерска игра – вели режисерката Нела Витошевиќ.
Во претставата играат Игор Ангелов, Даниела Иваноска, Игор Трпче, Марија С.Илијеска, Катерина Чакмакоска, Зоран Иваноска, Димитар Ѓорѓиевски, Илија Волчески, Јасмина М. Станкоска, Александар Тодески, Ирена Мирческа и Михајло Михајлоски.
Автор на сценографијата е Костатин Трпеновски, музиката е на Огнен Анастасоски, костимите на Розе Трајческа. На гитара настапува Димитар Ѓорѓиевски.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања