Search
Close this search box.

Обѕрни се во гнев

Обѕрни се во гнев

Автор: Џон Озборн

Режија: Кристина Димитрова

Драматурзи: Ивана Нелковска,Лидија Митоска-Ѓорѓиевска

Сценографија и костими: Илина Ангеловска

Музика: Дарија Андовска

Превод: Лидија Митоска -Ѓорѓиевска

Играат:

ЏИМИ – ДИМИТАР ЃОРЃИЕВСКИ

АЛИСОН – КАТЕРИНА ЧАКМАКОСКА – КЛИНЧЕСКА

КЛИФ – ИЛИЈА ВОЛЧЕСКИ

ХЕЛЕНА – ДАНИЕЛА ИВАНОСКА

Во реализацијата на претставата учествуваат:

Тон-мајстор: Благоја Пепељугоски

Светло: Ристе Гркоски

Шеф на сцена: Сашо Смоквоски

Сликар исполнител: Пеце Ристески

Реквизитер: Гоце Наумоски

Гардеробер: Снежана Ѓорѓиоска

Фризер-перикер: Даринка Богоеска

Заварувач: Ордан Тодороски

Декоратери: Илија Михајлоски, Роберт Стојкоски, Владимир Владимироски, Јане Јанкулоски, Златко Апостолоски

Џон Озборнверува дека театарот треба да се базира на чувствата и животот на луѓето. Поради тоа, најмногу се занимава со оној вид на театар што нуди витална, емоционална динамика, театар што продира низ класните бариери и сите препреки поставени кон патот на чувствата. Убеден е дека ни требаат нови театарски чувства, како што ни треба и нов театарски јазик.

„Обѕрни се во гневот“ ја отсликува побуната на младата несфатена повоена генерација, против генерацијата на нивните родители кои го довеле општеството до пропаѓање во морална и финансиска смисла. Се работи за побуна против светотво којшто владеат материјалните вредности, лицемерието на општеството кон луѓето што се борат за својот напредок а не добиваат ништо, за безволноста, за човечкиот гнев, осаменоста… Текстот се поставува по точно 60 години од неговата прва изведба, a темите кои ги обработува, денес сеисто толку актуелни како во времето кога е напишан.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања