Search
Close this search box.

Премиерно прикажана монодрамата ,,Јустинијан први,,

Премиерно прикажана монодрамата ,,Јустинијан први,,

На 18 октомври 2012 година во ЦК,,Марко Цепенков,, премиерно беше прикажана монодрамата “Јустинијан Први” по текст од Јордан Плевнеш во изведба и режија на актерот Петар Темелковски. Текстот е праизведба, а Темелковски го направи и изборот на музиката.

– Претставата е последната вечер од животот на Јустинијан Први, еден од најголемите римски императори, кој потекнува од скопски Таор. Задоволство ми беше да го пренесам неговиот лик – вели Темелковски.

Костимите и сценографијата се на Тихомир Спировски.

Претставата е поддржана од Министерството за култура.       

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања