Search
Close this search box.

Премиера на комедијата ,,Три варијации на една тема,,

Премиера на комедијата ,,Три варијации на една тема,,

,,Три варијации на една тема,, по текст и во режија на Коле Ангеловски, е третата премиера на театарот,,Војдан Чернодрински,, годинава.

– Се работи за текст со три варијации на една иста тема. Првиот дел е ,,Викендичка,, вториот ,,Три ипол милјарди жени,, и третиот ,,По јолукот надолу,,. Урнебесна комедија на приказни од секојдневието,  во која публиката ќе ужива – вели режисерот Ангеловски.

 

Во претставата играат Зоран Иваноски, Даниела Иваноска, Марјан Чакмакоски, Марија С.Илијеска, Наташа Наумоска, Андон Јованоски, Катерина Чакмакоска,  Димитар Црцороски, Јасмина М.Станкоска, Виолета Чакарова, Владимир Ѓорѓијоски, Никола Настоски, Александар Степанулески.

 

Костимите и сценографијата се на Илина Ангеловска, а  музиката на Томче Темелкоски.

Инаку, со премиерата на претставата (22.6.2013) започна Прилепското културно лето.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања