Search
Close this search box.

Премиерно куклената претстава Калифот Штрк

Премиерно куклената претстава Калифот Штрк

На 21 април 2013 Театарот ,,Војдан Чернодрински, премиерно ја прикажа куклената претстава ,,Калифот Штрк,, од Вилхелм Хауф, во режија на Дарко Ковачовски.  Претставата е со кукли – марионетки, која за првпат од ваков вид се поставува во земјата.

– Актерите заедно со композиторот ги оживуваат куклите, кои со нивниот живот на сцена ја раскажуваат приказната за едно дете кое треба да порасне. Калифот Штрк е претстава за спознавањето и одговорноста – вели Ковачовски, потенцирајќи дека текстот е епски материјал – приказна на Вилхелм Хауф, романтичар кој живеел во 1848 во Германија, а за кој биле интересни темите од Блискиот исток, односно Ориентот.

Режисерот првпат соработува со прилепскиот театар.

– Екипата со која работев е енергична, темпераметна, подготвена да жртвува часови работа во театар. Убаво е чувството кога одиш на проба како да одиш на празник – додава тој.

Ковачовски е дипломиран куклен режисер од Академијата ,,Крсте Сарафов,, во Софија и со сопругата Надја Василева има сопствено ателје за изработка на марионетки, и досега режирал бројни куклени претстави во Србија, Хрватска, Словенија, Чешка.

Во претставата играат Владимир Ѓорѓиески, Александар Тодески, Димитар Црцороски, Јасмина М.Станкоска, Катерина Чакмакоска, Наташа Наумоска и Димитар Ѓорѓиевски.

 Сценографијата, костимите и куклите се на Надја Василева. Автор на музиката е Владимир Џамбазов.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања