Search
Close this search box.

„СТРЕМЕЖ“ 1 за 2021

Stremez 1 2021

„СТРЕМЕЖ“ 1 за 2021

Stremez 1 2021Списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“1 за 2021 тематски е посветен на одбележување на 100-годишнината од раѓањето на великаните Блаже Конески и Коле Чашуле.

Во рубриката Разговор со Конески објавени се прегледи, студии, осврти и сеќавања на творештвото и ликот на Конески од авторите: Катица Ќулавкова, Санде Стојчевски, Димитар Пандев/Марија Пандева, Миле Спирковски, Игор Поп Трајков и Снежана Каратошеска. Застапена е и поезија и проза на повеќе автори кои со почетните текстови се обраќаат на Конески и неговото дело: Христо Петрески, Филиз Мехметоглу, Весна Ацевска, Љубица Трајкоска, Мирјана Недева и Тања Аждаја.

Во рубриката Дијалози со Чашуле читателите можат да ги прочитаат првпат и постхумно објавениот расказ на Коле Чашуле „Незабошотеното кафе“, анализи и записи за неговото драмско творештво од авторите Ацо Гогов, Ана Стојаноска, Иво-Митев-Жиле и Каролина Мицевска, како и книжевни текстови инспирирани од неговиот лик и дело на Сузана Ѓорѓиевска и Сашо Димоски.

Рубриката Поезија на летниот број го претставува поетскиот циклус „Поле на волшепства“ на поетот академик Влада Урошевиќ.

Во рубриката Златен венец на Струшките вечери на поезијата застапена е поезија на овогодинешниот лауреат – поетесата Керол Ен Дафи.

Рубриката Препеви, преводи донесува прва објава на македонски јазик на поезијата на реномираниот турски поет Метин Елоглу во препев на Филиз Мехметоглу, а исто така и песни од новиот италијански глас, младиот поет Џерардо Масучо препеани од Наташа Сарџоска.

Во рубриката Критики, есеи, студии објавен е есејот „Силјан Штркот како втемелувачки национален наратив“ на Елизабета Шелева во кој се изнесени согледби и книжевни и вонкнижевни паралели меѓу текстовите на Марко Цепенков, Митко Маџунков и македонската актуелна стварност (на егзистенцијален и идентитетски план).

Списанието „Стремеж“ го издава Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп со поддршка на Министерството за култура.

изданието може да се види на следниот линк

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања