Search
Close this search box.

„СТРЕМЕЖ“ 2 за 2020 г.

Stremez-20201

„СТРЕМЕЖ“  2 за 2020 г.

Stremez-20201Во рубриката Поезија во вториот број на „Стремеж“ за 2020 година се објавени нови песни од Васил Тоциновски, Слободан Беличански, Марина Икономова-Шокева и хаику поезија од Пере Ристески. 

Во рубриката Проза читателите можат да прочитаат куси прози од Митко Маџунков, Светлана Камџијаш, Ана Стојаноска, триптих раскази од Сашо Димоски и извадок од необјавениот роман „Деса“ на Ивана Трајаноска.

Во рубриката Нови гласови, „Стремеж“ во вториот број ја промовира поезијата на македонската авторка Мариета Дукиќ.

Во рубриката Препеви, преводи застапена е поезија од Васко Попа и од Новица Тадиќ во препев на Никола Маџиров, песни од албанскиот поет Ариан Лека во препев на Сашо Огненовски и песни од полската поетеса Кристина Домбровска препеани од полски на македонски од Звонко Димоски.

Во рубриката Критики, есеи, студии Љјерка Тот-Наумова пишува за поетската збирка „Кристален дворец“ на Игор Поп Трајков, објавена е интерпретацијата на прозата „Последната новела“ на Тања Урошевиќ од страна на Елизабета Баковска, рецензијата на Марија Ѓорѓиева Димова за романот „Страв од варвари“ на Петар Андоновски, есејот на Добрила Грашеска за расказите од „Приказни за краткоста“ на Габриела Стојаноска-Станоеска, освртот на Елена Конеска за романот „Свинга на гневот“ од Жарко Кујунџиски и промотивната реч на Габриела Стојаноска-Станоеска за романот „Каде што реката го бакнува небото“ од Билјана Тинтоска.

Последната рубрика Драма, Театар го промовира драмскиот текст „Спортска му е мајката“- комедија од Сузана Ѓорѓиевска.

Списанието „Стремеж“, ЦК „Марко Цепенков“ го издава со поддршка на Министерството за култура.

изданието може да се види на следниот линк

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања