Search
Close this search box.

Прв двоброј на Стремеж за 2012 година

Прв двоброј  на Стремеж за 2012 година

Отпечатен е двобројот 1 – 2 на списанието за литература, уметност и култура ,,Стремеж,, за 2012 година, во кое се објавени поезија, критики, есеи, преводи и препеви од истакнати македонски и странски автори.

На почетните страници се песните од Весна Ацеска, Јовица Тасески – Етернијан,  Кирил Бисеркоски и Елизабета Тодороска, како и преводите на поезија од ирскиот поет  Ноел Кинг и арапската поетеса и драматург Натали Хандал.

Двобројот 1-2 ги донесува преводите на современите романски поети Марнус Челару, Ирена Лучија Михалка, Николас Григорие Марашану, Јон Деаконеску, Јон Кристофер и др.

Читателите во ,,Стремеж,, ќе ги прочитаат и критиките на Диме Митревски (Преведувачкиот профил на Јозеф Холечек – чешките препеви на Зборникот на браќата Миладиновци)  и есејот на Трајче Крстески за Прилепскиот гуслар Апостол.

Списанието се печати со поддршка на Министерството за култура.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања