Search
Close this search box.

„Стремеж” – нов број

 

„Стремеж” – нов број


Списанието за литература, уметност и култура „Стремеж” излезе со првиот двоброј за оваа година. Од понудениот избор на литературни четива меѓу другото застапени се и есеи и критики на Санде Стојчески, Екатарина Јосифова, Јовица Тасевски и Сенка Апостолоска. Преводите и препевите на современата словенечка книжевност ги донесуваат: Јанушка Гостончек, Ева Кокаљ, Клаудија Збричајник и Јоже Воларич. Во новиот двоброј на „Стремеж” се и песните на Сеида Бегановиќ, Ли-Јанг Ли, Мајкл Берч, Роџер Хјумс и други автори. Изборот на проза е од Билјана Стаматова, Ило В. Гајтаноски и Ернест Хемингвеј.

 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања