Search
Close this search box.

ПРИКАЗНИ ЗА ВЕТРОТ И МЕСЕЧИНАТА По басните на Езоп, Лафонтен, Марко Цепенков…

Mala rezolucija poster

НУЦК„ Марко Цепенков“ – Прилеп Театар „Војдан Чернодрински“

ПРИКАЗНИ ЗА ВЕТРОТ И МЕСЕЧИНАТА По басните на Езоп, Лафонтен, Марко Цепенков…

Mala rezolucija poster

Премиера 8.12.2019

Режија – Кирил Петрески

Сценографија и костими – Александар Џинго

Музика – Томе Темелкоски

Играат

Катерина Чакмакоска – Клинческа,

Јасмина Мицовска – Станкоска,

Наташа Наумоска – Ачански,

Михајло Миленкоски,

Александар Тодески и

Надица Ѓорѓијоска.

Режисерот Кирил Петрески за претставата

.. “Приказни за ветрот и месечината“е претстава за деца која како тема ги има басните. Басната е една од најстарите литературни родови… Во басната се наоѓа чудесната метафора на детството, кога во свежата и бујна детска фантазија се создаваат поимите и сликите за вечните вистини. Во нив ги има поуките за животот, односите со другите луѓе, но не само со луѓето, туку и со сите суштества и со природата. Животните се вистинските јунаци на бајките, но преку нив се покажуваат човечките карактери, лукавството, зависта, алчноста, мудроста и наивноста, доброто и злото, правдата и неправдата, силата и немоќта и сето тоа е претставено метафорично, алегорично и сликовито. Како што рекол Лафонтен: „ Се зборува во вселената.“, а во една своја строфа вели: „Јас направив да зборува волкот, а на волкот да му одговара јагнето и отидов подалеку: дрвјата и растенијата кај мене станаа суштества што зборуваат.“ Во претставата се сместени басните на неколку автори – творецот или „таткото на басната“ Езоп, потоа Лафонтен, но и на нашиот Марко Цепенков кој што во своите записи од македонското народно творештво има сместено „мали приказни за животни“…

 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања