Search
Close this search box.

Успешен настап на театарот на фестивалот ,,Екс понто,, во Љубљана, Словенија

Успешен настап на театарот на фестивалот ,,Екс понто,, во Љубљана, Словенија  

Театарот,,Војдан Чернодрински,, со претставата ,,Швејк во втората светска војна,, по Брехт, во режија на Мартин Кочовски, имаше успешќен настап на 21 издание на фестивалот на изведувачки уметности,,Екс Понто,, во Љубљана, Словенија, Што го отвори на 14 септември. Словенечкиот национален театар Драма беше полн со љубители на театарот кои дојдоа да ја проследат моќната политичка сатира на нашиот ансамбл, кој предводен од режисерот Мартин Кочовски извонредно ја одигра претставата, за што на крајот следуваше и громогласниот аплауз и овации. Посетителите не го криеа своето задоволство што дошле на отворањето на Екс Понто и што гледале моќна и силна претстава.

Одлична изведба, многу силна претстава со доста пораки. Режисерски добро сработенаизјави Нико Горшиќ.

Одличен ансамбл може да реализира вака добар проект. Честитки за екипатабеа зборовите на повеќемината Словенци, по завршувањето на претставата, која остави силен впечаток пред словенечката фестивалска публика.

И во театарот задоволство од одличното трето претставување на Екс Понто, кој е еден од најреномираните европски фестивали.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања