Search
Close this search box.

,,Змејовата невеста,, најдобра претстава

На 48 МТФ ,,Војдан Черндорински,,

,,Змејовата невеста,, најдобра претстава

,,Змејовата невеста,, во режија на Нела Витошевиќ, на нашиот театар,, Војдан Ченродрински,, е најдобрата претстава во целина на годинешното 48 издание на МТФ,,Војдан Чернодрински,,(се одржа од 7 до 14.6.2013), а пак режисерот Нела Витошевиќ ја понесе наградата за најдобра режија.

– Претставата е работена по текст кој има вредности, кои го прават особено тежок за уметничка интерпретација. Екипата со режисерот успеала со скромни можности, да ги постигнат целите и претставата функционира, воспоставува одлична комуникација со гледачите кои понесуваат естетско задоволство, кое кај другите претстави не можевме да го откриеме – рече Васе Манчев, претседател на жири комисијата.

Од Центарот задоволни што повторно ја освојуваат престижната награда на фестивалот.

– Наградата е потврда за трудот, ентузијазмот на ансамблот на Театарот и на Центарот. Печат е за се што се залагаме во изминатите години. Нашиот театар е репрезент на македонскиот театар и заслужува да ја претставува Македонија во странство – рече директорот Тони Чатлески.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања