Шпанци и Данци пееа на плоштадот Александрија
Данска група ” Kynnes kabala “ и шпанската ” Офир “ приредија вистинско музичко изненадување. На 21 јули 2012 на плоштадот Александрија одржаа извонреден концерт во рамките на манифестацијата ” Цело лето културно лето “ што ја организираше Центарот во соработка со општина Прилеп.Данската “Kynnes kabala“ е група формирана во 2009 година од пејачката и текстописец Марија Куне, која ја проучувала сложеноста на македонското народно пеење. Групата одржала бројни концерти, вклучувајќи го појавувањето на СПОТ фестивалот во Архус, 2011 година. Нивниот деби албум ” Hvidovrevej ” издаден е март 2011.
Шпанската група ” Офир“ е создаден од зачетокот на October eguus и е култен авант џез рок бенд во Европа со гитаристот и композитор Анхел Онталва. Пеат сафардска музика која никого не го остава рамнодушен. Текстовите и мелодиите им се наследство од давнина, но аранжманите и ритамот се современи. ” Офир “ во Македонија дојдоа со проектот “ Офир, патување од Сефардите до Монастир ” посветен на македонските сефардски Евреи и нивната музика.






