Вечер на изворен фолклор на балканските народи
,,Вечер на изворен фолклор на балканските народи,, се одржа на 31 август 2012 на камената бина на плоштадот Александрија. Настапија КУД,,Ковиље,, од Вукманово, Србија, Оркестарот на традиционални инструменти “ЗОРА” при ФМУ на Универзитетот,,Гоце Делчев,, од Штип и бугарскиот етно состав ,, Арт либитум,, кои се претставија со богатиот репертоар на изворна музика од сопствените држави.
,,Вечерта на изворен фолклор на балканските народи,, ЦК,,Марко Цепенков,, од Прилеп ја организираше по трет пат со цел да се презентира балканскиот фолклор меѓу прилепчани.
Инаку, манифестацијата беше во рамките на ,,Цело лето – културно лето,, што Центарот го организира во соработка со општина Прилеп.






