Започна манифестацијата ,, Цело лето – културно лето,,
Во саботата (30 јуни 2012 година) во амфитеатарот Варош започна традиционалната манифестација ,, Цело лето – културно лето,, што Центарот ќе ја реализира во соработка со Општина Прилеп. На стартот мултимедијален настан – ликовен хепениг, настап на балетското студио,, Зодијак,, на ТК,, Темпо,, играорна група. Многубројната публиката ужуваше во концертот.
Манифестацијата,, Цело лето – културно лето,, ќе понуди повеќе настани – театарски претстави, изложби, концерти. Ќе има настани за сите вкусови на граѓаните.






