Search
Close this search box.

Пепелашка

Премиерно изведен музичко сценскиот спектакл за деца и млади „Пепелашка“

Танцовото студио и портал за современи изведувачки уметности ЗОДИЈАК во партнерска соработка со Ц.К. „Марко Цепенков“премиерно ја изведе новата хит претстава за деца и млади „ПЕПЕЛАШКА“. ( 24.09.2022).

“Поради малиот број на изведби и продукции за најмладата популација во нашиот град следејќи ги светските трендови по теркот на Брдовеј и Дизни, сметаме дека со овој проект младите имаат можност да сведочат за спектакл од светски рамки на наш јазик, со кој воедно ќе се имплементираат нови песни (сонгови), на македонски јазик како и нивно афирмирање и претпознатливост. Новиот начин на живот кој вклучува визуелизација, технологија и мобилизација е составен дел од нашите продукции во време кога на младата публика во Прилеп и се нудат аматерски претстави кои промовираат стари, веќе неприфатливи приказни и истите не ги следат новите тенденции, методологии и иновации во изразувањето. Со овој проект покрај поставувањето на текст од светската драматургија за деца и млади, афирмирајќи дело од странски автор на сцена, ќе се стимулира и македонското музичко творештво со нови музички аудиоизданија поставени на сцена на македонски јазик кои од досегашното искуство се покажале како професионални и квалитетни продукции кои ја пробудуваат љубопитноста кај младата популација, промовирајќи вредности кои се идентични со оние од периодот кога ова дело е пишуавно како: понизноста, почитта, љубовта, еднаквоста и т. н. Други приоритети кои се вклопуваат во овој музичко-сценски спектакал за деца и млади се: овозможување, афирмирање, пренамена на веќе постоечките движни добра за подобра мобилност и промовирање на музичко – сценската продукција на територијата на Македонија . Бајката е проткаена со безброј случки, емоции и убави певливи песнички на македонски јазик, од вообичаената Дизниева практика, убави разиграни кореографии и мизасценски решенија, колоритни костими, кои се уредно спакувани пополнувајќи ги сите дупчиња во една детска магична сложувалка” – вели режисерот Кире Миладиноски од танц студиото Зодијак.

 

Преводот на текстот е на Благојче Николоски,

драматизацијата и адаптацијата на македонски, режија, костимографија, сценографија, кореографија, кукли и сонговите се на Кире Миладиноски,

за музиката се задолжени Алан Менкен и Томе Темелкоски,

дизајн на рекламен материјал е на Петар Николоски,

светло мајстор и сценски ефекти Бобан Смилкоски,

автор на видео рекламен материјал Љупчо Атанасоски,

автор на аудио рекламен материјал Томе Темелкоски.

Гласовите ги позајмија: Лилјана Јованоска, Мирјанка Селчанец, Даниела Иваноска, Димитар Ѓорѓиевски и Благојче Николоски.

Играат: Бисера Гаралоска, Матеја Грујоска, Кристина Миноска, Анастасија Митревска, Теодора Велкоска, Михаил Јорданоски, Марта Шаркоска и Елена Џајковска.

Продукцијата на „Пепелашка“ е потпомогната од Министерството за култура со националната програма за 2022 преку програмата на Ц.К. „Марко Цепенков“ и Локалната самоуправа на Општина Прилеп, а како копродуцент партнер е Центарот, што воедно е матична сцена каде работи танц студиото ЗОДИЈАК.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања