Search
Close this search box.

По повод 29 април – Меѓународниот ден на танцот

По повод 29 април – Меѓународниот ден на танцот

НУЦК „Марко Цепенков“ со пренесување на македонската порака за Меѓународниот ден на танцот од авторката Билјана Тануровска Ќулавковски и со видео од танц студиото Зодијак, денеска на својата страница го одбележува 29 април Ден на танцот. Промо видеото е во режија на Љупчо Атанасоски, со кое се промовира танцот како универзално средство на говор преку телото меѓународно признат и разбирлив за целиот свет.

Членовите на Интернационалниот театарски институт од Скопје со мнозинство на гласови едногласно оваа година ја избраа Биљана Тануровска Ќулавковски да биде авторка на македонската порака по повод овој ден. Светската порака за меѓународниот ден на танцот ја напиша Фридеман Вогел – балетски танчер од Германија.

Се` започнува со движење – движењето е инстинкт кој сите го поседуваме – и танцот е движење, рафинирано и преработено движење, за да комуницира. Колку што беспрекорната техника е битна и импресивна, всушност ултимативно е сето тоа што танчерот го изразува преку битот и есенцијалното во движењета.Како танчери, ние постојано сме во движење; ние тежнееме да ги создадеме овие незаборавни движечки моменти. Независно од танцовиот жанр, всушност тоа секој танчер копнее да го постигне – создавајќи движења. Затоа сега кога ненадејно веќе не ни е дозволено да настапуваме, денес кога театрите и фестивалите се затворени и откажани, нашите светови застанаа. Без физички контакт. Без настапи. Без публика – велат од танцовото Студио Зодијак“.

Биљана Тануровска-Ќулавковски – Авторка на македонската порака

,,Танцот е уметност и социјално вградена пратикакоја ги артикулира и материјализира односите помеѓу телата, помеѓу телата и предметите, помеѓу просторот и времето. Уметноста се развива во специфични материјални и идеолошки услови, кои истовремено и ја дефинираат. Истите тие услови го дефинираат и „светот на танцот“,кој препознавадела и практики како танци, тела во танц или танцови тела. Свесни за различните перспективи, верувања, претпоставки, односи и идеологии за телото, кои се користат низ времето, го градиме односот кон танцот како уметност и социјална практикана соединување, демаскирање, геометризирање, искуство, поврзување…

Градиме однос кон телото во танц како тело во движење, во мирување; интелигентно, неутрално, минимално, возвишено, вертикално, хоризонтално, метафизичко, канонизирано, родово, квир, импровизирано, спонтано, кореографирано, технички спремно, технички ослободено, експлицитно, невидливо…или многузначно тело во танцот.

Ова многузначно тело во танцот станува сèповидливо, поради големиот влог на многу танцови уметници и работници кои со години работат на развој на едукација, на продукција, формирање на простори, на формални и неформални компании, колективи, организации…

На денот на танцот посакувам, за сите, континуиран развој на подобар „свет на танцот“ кој ќе ни понуди повеќе средби со неговата многузначност. Заедно да го славиме танцот и неговото мноштво на значење и употреба, но и да ги подобруваме условите за развој на танцовата уметност кај нас.

Би сакала во иднина да се сеќаваме на овие пандемиски денови, не само како моменти на криза кои ни одзедоа средби со танцот, но и како моменти во кои го промислуваме „светот на танцот“ во иднина, и посакуваме да сведочиме за: Посебен третман на танцот во полето на културните политики;Бројни и разновидни танцови продукции;Нови простори и институции за танцова уметност;Уште поголема поддршка на независни кореографи, танчерии изведувачи; Фонд за мобилност и регионална и меѓународна соработка, што ќе овозможи нашата танцова уметност да патува и да нèозначува насекаде…

Ни посакувам и многу повеќе, додека славиме денес, славејќи го минатото, гледајќи напред кониднината.

Посакувам и во иднина да танцуваме и да го славиме танцот во сета својаразноликост, разновидност, многузначност и многуслојност…

Да живее танцот! 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања