Search
Close this search box.

Светски Ден на Танцот

 

29 април Светски ден на танцот

Трибина и работилница за танцот


Во средата, 28 април, во фоајето на НУЦК„Марко Цепенков” се одржа интерактивна трибина-работилница по повод 29 април Светскиот ден на танцот. Модераторите Марјан Спиркоски и Кире Миладиноски се осврнаа на социолошко – културниот аспект на значејнето и функцијата на танцот, чија крајна цел, покрај неодминливиот ефект на разонода, како уметност е облагородување на човекот и општеството. На манифестацијата со свои настапи-перформанси учествуваше дел од танцовото студио „Зодијак” кое работи во склопот на НУЦК„Марко Цепенков”, а младите танцувачи не само што танцуваа туку се вклучија во трибината искажувајќи ги своите чувства и видувања за модерниот танц.

Со оваа манифестација Центарот за култура започнува серија интерактивни трибини за одбележување на светски настани од областа на културата.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања