Search
Close this search box.

Танц спектакл со стотина учесници

Танц спектакл со стотина учесници

Со целовечерен концерт танц студиото Зодијак го одбележ интернационалниот ден на танцот 29 април 2016. Стотина танчери на најразлична возраст се претставија со кореографии од класичниот балет, модерниот балет, современиот танц, а воедно беше презeнтирана и итернационалната порака, која за оваа година ја напиша кореографот Lemi Ponifasio. Дел од концертот беше видео спотот за ЗОДИЈАК во авторство на Љупчо Атанасоски.

Ова е годишен концерт на Зодијак со кој се одбележаа 17 години постоење и одбележување на интернационалниот ден на танцот.

-Седумнаесет години и не е така мал период за креативно творење на нашето тло. Прилеп отскокнува од останатите градови по создавањето на таленти и креативци кои можат на најразличен начин да ја претстават својата имагинација. Пред се, со танцот, како универзално средство за разбирање меѓу различните култури – додава Миладиноски.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања