Search
Close this search box.

Изложба на дела од Снежана Малетин

Изложба на дела од Снежана Малетин

Во ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков“е отворена изложба на дела од уметницата Снежана Малетин. На изложбата, што ќе биде отворена до 16 август 2018, претставени се 20 дела.

Изложбата ја отвори Викторија Димеска, историчар по уметност, која посочи дека Малетин создава полуапстрактни кадри од урбаната архитектура.

– Нејзините дела повикуваат на една необична средба со неизвесноста, која плени и мами да се открие. Набљудувајќи ги делата, посетителот како да насетува дека во сокриеното сокаче позади зградата се крие заборавена човечка приказна која чека да биде повторно сослушана.Игривата природа на уметничките дела во основа е тоа што ги прави неодоливи и привлечни. Во основа, како самата техника – графика, која што на бел лист хартија остава трага, така и делата на Малетин оставаат сопствен печат врз посетителот“ – рече Димеска на отворањето на изложбата.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања