Search
Close this search box.

Ретроспективна изложба на Коста Клифов

Ретроспективна изложба на Коста Клифов

Во ликовната галерија е отворена Ретроспективната изложба на Коста Клифов,(26.10 до 8.11.2018) на која се претставени 30- тина дела.

Коста Клифов, млад ликовен уметник, во екот на своето себепронаоѓање и етаблирање во уметничкиот свет, припремајќи ја својата трета самостојна изложба, ненадејно си замина од земниот свет, но зад себе оствари творештво од кое сега слободно може да се реализира во неколку изложби. Овој пат наместо неговата 3-та самостојна изложба во Прилеп, насловена „ Крајот почеток е нов почеток – почетокот е нов крај“, се реализира ретроспектива на неговото обемно творештво кое го остави зад себе, за да зборува за него, дела кои се своевидна мемориска порака на авторот, низ кои ќе го продолжи својот живот во времето што доаѓа.

Изложбата ја отвори Ивана Атанасоска, етнолог и антрополог, која посочи дека Клифов зад себе оставил голем број дела, од кои во поставката во галеријата е изложен само еден скромен дел од неговото обемно творештво.
– Како чести теми кои се провираат низ неговите творби се дуализмот меѓу животот и смртта, човековото битисување и желбата за еден подобар свет – посочи Атанасоска, потенцирајќи дека неговата уметност останува трајна и бесмртна.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања