Концерт на флејта и гитара
Концерт на гитара и флејта се одржа на 27 јули 2012 во фоајето на ЦК. На флејта настапи Силвана Чулева – Атанасова, а на гитара Тања Јанкова. Музичарките исполнија дела од Барток, Пиацола, Томас, Тадиќ…
Концертот беше во рамките на манифестацијата ,,Цело лето – културно лето,,, што Центарот го организира во соработка со општина Прилеп, а спонзориран од Министерството за култура.






