Концерт на Пела од Словенија
Целовечерен концерт со убава македонска песна, во саботата 25. 8. 2012, одржа словенечкиот квартет ,,Пела,,. Македонските песни преоблечени во нови музички алишта со хармонии кои се пријатни за увото, убаво прозвучија меѓу посетителите кои настапот на Пела го наградија со аплуаз.
Гости на вечерта беа Милан Апостолоски – контра прим и Стеван Димчески – гитара. Специјално изненадување беше настапот на етномузикологот Ла Санти од Шри Ланка.
Концертот беше во рамките на манифестацијата,,цело лето – културно лето,,што Центарот ја реализира во соработка со Општина Прилеп, а на која на 31 август ќе се одржи Вечер на изворен фолклор на балканските народи, а на 7 август ќе биде отворена изложба на дела од колонијата Дрен.
Квартетот ,,Пела,, постои веќе 8 години. Во овој период имале повеќе од 580 целовечерни концерти, на кои ја претставиле македонската песна низ Европа и светот.






