Search
Close this search box.

Изложба ,,Да се истрае,, од Марија Конеска

Изложба ,,Да се истрае,, од Марија Конеска

,,Да се истрае,, е тематската изложба на графички листови од уметницата Марија Конеска отворена во галеријата на Центарот ( 21.11. – 5.12.2014).

ДА СЕ ИСТРАЕ!

Истраен/ истрајни, според македонскиот речник:

прво значење : да се издржи до крај, да се истрпи;

второ значење: некој кој е упорен, настојчив.

Секојдневниот предизвик на сите нас е да се истрпи. Да се истрпи за да бидеш дел од средината, да истрпиш за да бидеш свој, да истрпиш затоа што мораш, да истрпиш затоа што понекогаш немаш избор… Се се сведува на борба, најтешката, со самите себеси, затоа секогаш остануваат зборови некажани, мисли запрени и погледи изгубени… Се поминува, а на крај пак треба да останеме свои.  Ова е серија на графики со ликови кои сите си ги носиме секогаш со себе вели уметницата.

Податоци за Конеска

Марија Конеска има дипломирано на Факултетот за ликовни уметности, Скопје (2003-2008), оддел графика во класата на Зоран Јакимовски. До сега има остварено една самостоја изложба и има учествувано на повеќе групни изложби во Македонија и надвор. Моментално е постдпломец на истиот факултет, во сликарскиот оддел во класата на Антони Мазневски.

 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања