Search
Close this search box.

Изложба “За вредностите” од Валентина Илијевска

Изложба “За вредностите” од Валентина Илијевска 

“За вредностите“ е тематската изложба на графики од Валентина Илијевска отворена во галеријата.(5.12. -19.12.2014). На изложбата се изложени 24 графички листови работени во техниката дрворез, линорез и комбинирана техника.

– Во своите визуелни истражувања движејќи се кон освојување на нови графички пространства авторката ги споделува своите визии несебично со љубителите на графичката уметност. “За вредностите“на Илијевска претставува продолжување на нејзината претходна истражувачка работа на полето на комуникациските можности на апстрактниот графички јазик. Уште од поодамна, оваа млада уметница си постави тешка задача пред себе обидувајќи се да проговори за етичките и моралните дилеми на човековото општество преку своите графички реализации – вели историчарот по уметност Роберт Цветковски.

Валентина Илијевска дипломирала на ФЛУ во Скопје – оддел графика и графички техники во класата на проф. Мирко Вујисиќ со насока – конзервација и реставрација кај проф. Невенка Величковска и проф. Момчило Трајковски.Има реализирано повеќе изложби во земјата и странство, а учествувала и на  повеќе ликовни колонии.Член е на ДЛУМ, а за досегашната работа добитник е на повеќе награди и признанија.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања