Search
Close this search box.

Изложба на дела од 51 Струмичка ликовна колонија

Изложба на дела од 51 Струмичка ликовна колонија

На 13.2.2015 г. во петокот во галеријата од Центарот беше отворена изложба на дела од 51 – та меѓународна Стримичка ликовна колонија. Презентирани се 25 дела создадени од 17 уметници, од земјата и од Турција, Полска,  Словенија.

За 51 – та Меѓународна Стримичка Ликовна Колонија професорката д-р Снежана Филипова ќе запише:

 … “ Колонијата во Струмица како една од најстарите во земјава, создадена со благородна намера градот да добие фундус на вредни дела и потик за творење нови, започнала со повикување на особени и потврдени таленти, и потребно е да го задржи ова ниво.  Мотивите кои се сликаа се разнообразни, но еден поголем дел широко може да се подведе под екпресионизам…. Беше предизвик да се прати процесот на создавање кај една поголема група ентузијасти и искусни творци, а радоста од создавањето на другиот можеа да ја споделат и несебично коментираат, да се бодрат и критикуваат. На оваа колонија творците разговараа и можеби тоа е поважно од она што го создадоа, оти никој не може да се види себеси во перспектива и огледало освен кога покрај себе го има Голијат или Давид, односно себе рамниот.“ …

 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања