Search
Close this search box.

Изложба ,,Древниот сон,, од Тони Чатлески

 Изложба ,,Древниот сон,, од Тони Чатлески

,,Древниот сон,, е изложбата на слики од уметникот Тони Чатлески, што е поставена во ликвонитот слаон на ЦК, како придружна манифестација на 50 издание на МТФ,,Војдан Черндорински,,.
Чатлески се претставува со 40 дела масло на платно и во акрил изработени последните неколку месеци.
– Станува збор за нова фаза од опсесивни платна на Чатлески кои на прв поглед го збунуваат гледачот, но при секое задлабочување не упатуваат на тоа дека овие слики се насликани во сон – вели писателот Трајче Крстески за најновото творештво на Чатлески.
Инаку, Чатлески со истата изложба минатиот месец се претстави во Битола, а моментно негови дела се изложени во рускиот град Звенигород.
Член е на ДЛУП, ДЛУМ и на Професионалниот сојуз на уметниците на Русија.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања