Search
Close this search box.

Изложба на Александар Јанкулоски – Цане

НУЦК ,,Марко Цепенков,, Прилеп

Во петок 27 ноември 2015 од 19.30 часот во ЦК,,Марко Цепенков,, во Прилеп ќе биде отворена изложба на слики од уметникот Александар Јанкулоски – Цане. На изложбата ќе бидат изложени 26 дела.

Податоци за Александар Јанкулоски – Цане:

Александар Јанкулоски- Цане е роден во Прилеп 1936 година. По завршувањето на основното образование во Прилеп, натаму своето школување го продолжил во железничкото училише, за потоа да се префрли во Училиштето за применета уметност на одделот за декоративно вајарство со специјална обработка на мермер во Скопје. Подоцна го завршува и ФЛУ во Скопје. Член е на ДЛУМ.

Во 1961 година Јанкулоски ја имал првата самостојна изложба во Скопје. Тој е основоположник на македонската современа ликовна ументост. Тој ги отфрлил дотогаш познатите правци во вековната светска ликовна ументост, со тоа што слика (изработува слики) со несликарски материјали- пепел, песок, струготини, горени дрва, бронза… Тој е првиот уметник кој во Македонија го промовира апстрактното сликарство и енформелот.

Јанкулоски подеднакво твори во сликарството, вајараството, графиката. Работел ѕидно односно монументално сликарство и подеднакво штафеларно/минијатурно сликарство каде целосно го насликал Струмучкиот тетаар со непрекината работа од 2-3 години. Познати негови монументални дела се мозаикот во Катланово, во хотел Панорама и други објекти.

Исто така  Јанкулоски во своето творештво работел бисти, портрети, споменици, фонтани а негово најпознато дело е ,,Некропола,, во Свети Николе Имал повеќе самостојни изложби во земјата и во странство – Романија, Бугарија, Хрватска, Словенија, Србија, Белгија, Франција, Италија,Турција…..

Негови дела има насекдае, односно во речиси сите континенти.

Јанкулоски е учесник и основоположник на неколку колонии и нивни уметнички раководител, како во земјата така и во странство.

Александар Јанкулоски Цане за своето творештво е добитник на бројни награди и признанија, меѓу кои Нерешки мајстори, Лазар Личеновски, на Светско биенале на цртежи….

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања