Search
Close this search box.

Изложба ,, Уметниците во чест на Св. Никола,,

Изложба ,, Уметниците во чест на Св. Никола,,

Во ликовниот салон на ЦК,,Марко Цепенков,,.е отворена изложбата ,,Уметниците во чест на Св. Никола,,. (18.12. 10.1.2016). Станува збор за традиционалната изложба што се реализира по повод патрониот празник на Прилеп, Св. Никола,.

22 уметници од цела Македонија и НУ Завод и Музеј – Прилеп се претставуваат со дел од своето богато творештво посветено на Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски и на други светители.

Пред љубителите на ликовната уметност презентирано е автентичното творештво на иницијаторот на манифестацијата Драги Хаџи Николов од Гевгелија, на нашите сограѓани Благоја Атанасоски, Марта Макеска, Драган Верговски Алпи, Биљана Бинчев, Александар Џинго, Методиј Исков, Џулијано Лауцовски Верговски, Наде Тоскоска, Михајло Ристески, Верче Николоска и Марија Ѓорѓиоска, на Павле Кузмановски од Тетово, Валентина Илијевска од Куманово, Ангелина Попоска, Новица Трајковски и Стојмир Стојанов од Скопје, Оливера Макриевска, Златко Лечковски и Соња Лечковска, Славица Михаилова од Битола и охриѓанецот Ванчо Димоски.

Изложбата годинава се реализираше во соработка со општина Прилеп и домаќинот Тутунски комбинат А.Д. – Прилеп.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања