НЕШТО НОВО, ХРАБРО И УРНЕБЕСНО СМЕШНО!
За прв пат вo Прилеп легендарната Тијана Дапчевиќ со монодрамата „Менопауза“! Голема сала 4 Октомври – 20.00 часот.
***Урнебесен stand-up со гласна, искрена и духовита исповед за темите за кои жените најчесто шепотат – а сега конечно се зборуваат без срам и со многу смеа.
Секс, хормони, ПМС кој не знае дали доаѓа или си оди, љубовници без поим за лубрикант и мажи во криза на средни години – Тијана без влакна на јазикот (и со некое ново на брадата) ве освојува уште од првата минута.
Текст: Данило Вукотиќ
Режија: Раде Вукотиќ
***Совршена вечер за смеа, препознавање и женска солидарност. Поведи другарка. Или две. Оваа претстава се доживува заедно.
* Влезници на билетарницата од Центарот за култура Секој работен ден од 11.00 до 13.00 часот и во сабота од 11.00 до 13.00 часот! Ве очекуваме!







