Search
Close this search box.

Изложба наТрајче Блажевски

Изложба наТрајче Блажевски

Изложба на дела од уметникот Трајче Блажески e отворена во галеријата од ЦК,,Марко Цепенков,,. Прилепчани имаат можност да се запознаат со интересните дела на Блажевски. Звонимир Костиќ Палански за делата ќе рече дека содржат симболи кои често се појавуваат во неговите графики, симболи кои од другите се издвојуваат по сила на изразот и длабоката позадина на значењето, а тоа се крстот мердевините, буквата и трокутот.

Трајче Блажески има завршено Ликовна академија во Приштина отсек графика, а постдипломски студии во Белград. Докторирал на тема „Графиката како ликовен јазик во уметноста на Балканот“ 2010 година. Користел студиски престој во Париз 1986 година од Фондот „Моша Пијаде“. Член е на ДЛУМ од 1980 година. Професор е на ФЛУ во Скопје.

Работи во сите графички техники, колаж, цртеж и масло. Има реализирано 66 самостојни изложби во земјата и во странство, учествувал на 68 ликовни колонии и има добиено 14 национални и пет меѓународни награди и други признанија.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања