Изложба на дела од колонијата „Нижо Поле“
Во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ е отворена изложба на дела од ликовната колонија НИЖО ПОЛЕ.(9.3.-23.3.2018).
Триесетина дела од 16 уметници од Македонија, Србија и Бугарија, се дел од изложбата од 18 издание на меѓународната колонија Нижо поле, што последните години традиционално се одржува на Молика, каде уметницитетворат вдахновени од убавините на Пелистер.
Изложбата ја отвори Викторија Димеска, историчар по уметност.