Search
Close this search box.

Изложба – ДРЕН 2015

Изложба – ДРЕН 2015

Во петок 4 септември 2015 година во 20 часот во ликовниот салон на ЦК,,Марко Цепенков,, беше отворена изложба на дела создадени на осмата ликовна колонија Дрен, што се одржа од 13 до 20 јули годинава во манастирот Св. Илија во с. Дрен. Со изложбата Центарот ја затвори годинашната манифестација Прилепско културно лето.

Беа изложени делата што ги создадоа учесниците на колонијата, која се етаблира како значаен ликовен настан,.( – Александра Ацеска, Марјан Стојаноски, Мирјана Бубевска, Сергеј Дамовски, Тони Чатлески и Владимир Кнежевиќ од Македонија, Сречко Здравковиќ, Драгица Алексиќ, Весна Вучичевиќ и Јелена Младеновиќ од Србија, како и Марија М. Крившинко од Русија  и Емине Токмакај од Турција).

Ументиците воодушевени од природата и од убавината на манастирот, од организацијата на колонијата создадоа дела кои ќе предизвикаат интерес во ликовната јавност.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања