Search
Close this search box.

Ликовна колонија Дрен 2015

Ликовна колонија Дрен 2015

Во манастирот Св. Илија во с. Дрен, се одржа осмата ликовна колонија Дрен. 12 уметници – Александра Ацеска, Марјан Стојаноски, Мирјана Бубевска, Сергеј Дамовски, Тони Чатлески и Владимир Кнежевиќ од Македонија, Сречко Здравковиќ, Драгица Алексиќ, Весна Вучичевиќ и Јелена Младеновиќ од Србија, како и Марија М. Крившинко од Русија  и Емине Токмакај од Турција, со уметнички жар на своите платна ги пренесоа впечатоците од Дрен. Сите до еден беа воодушевени од природата, од убавината на манастирот, од организацијата на колонијата.

–  Дрен е вистински рај. Создадов дела кои се дел од македонската традиција. На платната, преку една убава ликовна приказна  ја пренесов историјата за Крали Марко – вели Сречко Здравковиќ од Србија.

– Многу сум среќна што сум тука. Место созадено само за  уметничко творештво – вели Мирјана Бубевска од Битола.

– Македонија е многу убава, сончева земја. Воодушевена сум од убавата природа и тоа го пренесов на платното – вели Марија М. Крившинко, која првпат доаѓа во Македонија.

– Многу сум среќна што сум тука. Има посебна енергија за работа – ни изјави Емине Токмакаја од Турција.

Од ЦК,,Марко Цепенков,, велат дека делата создадени на колонијата Дрен ќе бидат изложени во Прилеп на 4 септември на завршницата на традиционалната манифестација Прилепско културно лето.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања