Search
Close this search box.

Ликовна колонија Дрен 2017

Ликовна колонија Дрен 2017

По десетии пат во јуни 2017 во ЦК „Марко Цепенков“ се одржа ликовната колонија Дрен.

Во ликовното ателје, во дворот на Центарот, твореа Андријана Мациев, Новица Трајковски, Петра Јовановска, Верче Николоска, Александар Џинго, Билјана Бинчев, Драган Најденовски и Тони Чатлески (Македонија), Елена Ривка Беларeва и Виктор Пушкин од Русија, Пламен Бонев и Маријана Везарова од Бугарија, кои на градот, на државата во трајна сопственост  му оставија вредни уметнички дела.

– Атмосферата за работа во ателјето беше одлична. Организаторите гостопримливи. Воодушевена сум од градот – изјави Ривка Беларева од Русија.

Колонијата Дрен, која се одржа по десетти пат беше во рамките на Прилепското културно лето, што го организира ЦК „Марко Цепенков“

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања