Search
Close this search box.

Ликовна колонија Дрен – 2017

ЛИКОВНА КОЛОНИЈА ДРЕН 2017

Љубителите на ликовната уметност годинава имаа можност да проследат вкупно 21 дело насликано од 12 уметници од Македонија, Русија и Бугарија кои учествуваа на колонијата Дрен 2017. На увид  беа делата од нашите сограѓани Билјана Бинчев, Алекандар Џинго, Верче Николоска и Тони Чатлески,  Новица Трајковски, Петра Јовановска, Драган Најденовски и Андријана Мациев од земјата, Ривка Беларева и Виктор Пушкин од Русија и Маријана Везарова и Пламен Бонев од Бугарија.

-Седумдневната работна дружба на уметниците остави прекрасни дела зад себе. Сериозни остварувања, одсликани состојби на секојдневието, но не на сивилото кое не обременува, туку рефлексијата на душата наспроти него, со надеж ЗА и верба ВО подобро и посветло утре. Насликано со боите на винижитото, колоритет кој зрачи оптимизам и јасно ги потенцира и разграничува спротивностите. На овие платна исцртани се линии, форми, содржини едноставни, но моќни каква што всушност е уметноста, ова се платна полни со љубов и силни пораки, независно од темата, стилот и техниката. Пулсираат со живот, го слават и ни го прикажуваат убавото, чистото и невиното во него. Ни порачуваат дека животот е уметност, а уметноста е најубавото нешто што му се случило на човештвото – вели Елизабета Дерменкоска-Цефи за делата од годинашната колонија Дрен 2017.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања