Деветата ликовна колонија Дрен
Со изложба на инсталација на Мирна Арсовска и Дејан Буѓевац во ликовната галерија ЦК,,Марко Цепенков,, од Прилеп ја стартуваше годинашната деветта по ред ликовна колонија Дрен. Од годинава колонијата има мултимедијален карактер и се одржуваше во ликовното ателје и во дворот на Центарот.
На колонијата, вели Тони Чатлески, директор на Центарот, освен сликарството се бидат застапени и сите модерни форми на уметноста, а учествуваат 20 уметници од Прилеп, Македонија и од Русија и Србија.
До 23 јули 2016, кога е затворањето на колонијата и преставувањето на создадените дела, на колонијата Дрен творат прилепските ументици Емил Солески, Верче Николоска, Васил Костов, Кирил Гегоски, Александар Џинго, Билјана Бинчев, Марјан Стојаноски, Мирна Арсовска (Македонија), Рада Тихоновскаја( Русија) и Јошкин Шикљан, Мирослав Живковиќ, Јелена Фрида Стошиќ, Марија Алексиќ, Светлана Карма и Снежана Манасиќ (Србија).
Ликовната колонија Дрен е дел од манифестацијата Прилепско културно лето, што ја реализира ЦК,,Марко Цепенков,,.