Search
Close this search box.

Седма колонија “Дрен”2014

Седма колонија “Дрен”2014

Единаесет уметниците од земјата и од странство десетина дена твореа во манастирот Св. Илија во с. Дрен, на седмата по ред ликовна колонија “Дрен”. Воодушевени од убавата природа, распослани со штафелаите низ манастирскиот двор сликарите со четките, шпаклите го овековечуваат овој живописен предел. Триесетина дела создадоа Данчо Орде, Панде Петровски, Валентина Илијевска, Ирина Титиева, Марјан Стојаноски, Билјана Билбилоска и Тони Чатлески и гостите Билјана С. Долиќ од Србија и Наталија Рахклина, Олга Панкина и Евгениј Северушкин од Русија.

– Манастирот е преубав простор. Убава природа. Има посебна енергија создадена за творештво изјави Данчо Ордев.

– Ова е вистински рај. Преубаво место, преполно со енергија за творештво. Вистинско ателје. Имавме убава дружба. Сум бил на повеќе од 30 колонии во земјата и странство, но овој простор е фантастичен за уметниците – изјави Панде Петровски.

– Многу убав амбиент за творештво. Инспирарана од тишината создадов романтични дела посветени на љубовта – изјави Билјана С. Долиќ од Србија.

– Воодушевена бев од просторот. Насликав неколку слики со различна тематика, од кои една поврзана со македонската традиција – рече Олга Панкина од Русија.

Ументиците велат дека колониите, особено прилепската што ја организира Центарот се вистинско место за дружење и за размена на искуства.

Делата создадени на Дрен 2014, ќе бидат презенетирани на изложба на 5 септември, на завршницата на “Прилепското културно лето”.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања